Репрезентациите на Италија и Франција со убедлива победа го започнаа 29.Ссветско првенство во ракомет.
Во Б групата, Италија го победи Тунис со 32:25. Кај Италијанците најдобар беше Пратнер, кој даде 10 гола, а Булзамини и Менгон постигнаа по четири гола.
Кај туниската репрезентација најефикасен беше Бен Абдалах со шест гола, а Мараф постигна четири гола.
Во вториот меч од оваа група вечерва бранителот на трофејот Данска ќе игра против Алжир.
Французите, во рамките на Ц групата го декласираа Катар на чија клупа седи Веселин Вујовиќ. Франција забележа победа 37:19.
Франција го започна првото натпреварување без Никола Карабатиќ, кој се повлече по Олимпијадата.Тибо Бриер беше најефикасен во победата на Франција со седум гола, додека Дика Мем мечот го заврши со четири гола.
Кај Катар, Карол даде четири гола.