Италија го намали бројот на пратеници за повеќе од една третина

by fokus

Италијанскиот Парламент изгласа намалување на бројот на пратеници за повеќе од една третина, како дел од уставните реформи за кои се залагаше движењето Пет Sвезди – М5С, што би можело темелно да ја промени политичката сцена.

Предлог-законот, што беше одобрен од речиси сите партии, предвидува намалување на бројот на пратеници во Долниот дом од сегашните 630 на 400, а во Сенатот од 315 на 200, јави ДПА.

Од М5С велат дека со тие намалувања што треба да стапат на сила на следните избори 2023 година, ќе се заштедат стотици милиони евра и ќе го направат парламентот поефикасен.

– Ова е голема победа за италијанскиот народ и граѓаните, рече лидерот на М5С и министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо по гласањето. Уставната измена помина два круга гласање, Долниот дом го усвои конечно со 553 гласа „за“, 14 „против“ и два „воздржани“.

Поврзани новости