Италија ги забрани новогодишните прослави

by Fokus

Италија ги заостри мерките за спречување на порастот на инфекциите со Ковид, вклучително и забрана за сите новогодишни прослави бидејќи дневните инфекции достигнуваат рекордно ниво, соопшти  италијанската влада.

Министерот за здравство Роберто Сперанза рече дека носењето маски повторно ќе биде задолжително надвор и им нареди на граѓаните да користат маски Ffp2 во јавниот превоз и на јавни места, како што се театри, кина и спортски настани, бидејќи тие обезбедуваат поголема заштита.

Покрај тоа, концертите и настаните на отворено ќе бидат забранети до 31 јануари, а дискотеките и  клубовите ќе мора да ги затворат вратите до тој датум за да спречат масовни собири за време на празничната сезона.

Поврзани новости