Италија ги вакцинира тинејџерите

by fokus

Владата на Италија ги повика регионите да дадат приоритет во вакцинација на жителите на возраст од 12 до 18 години, со цел таa возрасна група да се вакцинира пред почетокот на училишната година.

Специјалниот комесар на италијанската влада за „Ковид-19“, Франческо Паоло Фиглиуоло, ги повика регионалните гувернери да дозволат безрезервно тинејџерите да се вакцинираат.

-За да се забрза вакцинацијата кај лица на возраст од 12 до 18 години, треба да им се даде приоритет иако тие не се претходно регистрирани – напиша Фиглиуоло, додавајќи дека новата мерка треба да стапи на сила на 16 август.

Поврзани новости