Италија е на чекор од воведување на задолжителна вакцинација против корона вирусот

by fokus

Италија во некој момент може да воведе и задолжителна вакцинација против Ковид-19, за одредена возраст, изјави синоќа италијанскиот премиер Марио Драги.

– Покрај тоа, засилувачките дози на вакцини против ковид за ранливите луѓе треба да почнат да се администрираат во Италија подоцна овој месец, рече Драги.

- Advertisements -

Италијанската влада веќе воведе задолжителна вакцинација за здравствените работници, но Драги е на мислење дека секој треба да биде обврзан да биде вакциниран откако европските здравствени власти ќе дадат целосно одобрување за вакцините.

Поврзани новости