Истражување: Секој трет млад сака да се исели од Македонија

by Fokus

Речиси секој трет млад човек сака да се исели од Северна Македонија, покажува истражувањето на Агенцијата за млади и спорт спроведено во периодот од јануари до март 2022 година на ниво на државата. Во истражувањето учествувале 1.200 испитаници.

„Најголема желба да се отселат имаат младите од Источниот регион, а најмала од Полошкиот. Причина за тоа е незадоволството од образовниот систем и недостигот на практична настава. Младите сметаат дека квалитетот на живеење може да се подобри преку доброто образование, можностите за вработување и намалување на корупцијата. Целта била да се создаде слика за ставовите, перцепциите и очекувањата на младите луѓе во државата“, се наведува во истражувањето.

Резултатите уште покажуваат дека 68,4 проценти од анкетираните имаат негативен став кон образованието, а речиси 30 проценти проблемот го гледаат во наставниот кадар, за кој сметаат дека е неквалификуван и незаинтересиран.

Поврзани новости