Истражување на МЦМС: Македонците се склони да веруваат дека вирусот е направен во лабораторија, а Албанците дека тој не постои

by Frosina Fakova

Над 10 отсто од граѓаните кои биле дел од анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) сметаат дека новиот вирус Ковид – 19 не постои, покажува истражувањето на МЦМС која ги проверувала ставовите на граѓаните загриженоста за моменталната состојба во однос на Ковид-19, ставовите за потеклото на вирусот и влијанието на целата ситуацијата врз работните процеси.

-Популарните теории дека појавата на Ковид-19 е поврзана со воспоставувањето на 5G мрежите има поддршка од 4,9 отсто од испитаниците. Гледано низ призмата на етничка припадност, Македонците се по склони да веруваат дека вирусот е направен во лабораторија, а Албанците дека тој не постои, се вели во истражувањето на МЦМС.

Висок процент или 42,7 отсто од граѓаните сметаат дека новиот вирус Ковид-19 е „излезен“ од лабораторија, а дури 36,7 отсто сметаат дека тоа е направено намерно, а само шест отсто дека се случила некаква грешка. Смо 19 отсто сметаат дека вирусот се појавил природно.

Истражувањето покажало голема загриженост на граѓаните (71,3%) од моменталната состојба предизвикана од Ковид-19. Демографски гледано, жените се позагрижени (80,6%) од мажите (61,7%), а етничките Македонци (75,4%) од етничките Албанци (56,2%). Грижата од Ковид-19 расте со степенот на образование на испитаниците. Вкупно 60% се загрижени дека тие лично ќе се заразат со корона вирусот. Меѓу нив, поголем е процентот на жени (68,4%) од оној на мажи (51,7%).

-За жал, граѓаните се поделени во грижата дека без да знаат го имаат и го шират вирусот. Ваква грижа на совеста имаат 48,8% од граѓаните, додека 45,5% од нивните сограѓани рекле дека воопшто или само до некаде се загрижени за оваа можност покажува истражувањето.

Најголем дел од испитаниците или 59,1 отсто работата ја извршуваат од своето работно место, 22 отсто биле на принуден одмор, а 17.8 отсто одговориле дека работат од дома.

-За речиси половина (49,2%) нема разлика при завршување на работата, додека за 31,1% од испитаниците сега е потешко да ја за завршат рабо-тата. Гледано перспективно, се намалува поддршката на ваквиот начин на работа со зголему-вањето на периодот додека за околу една петтина овој начин на работа воопшто не е одржлив, велат од МЦМС.

Дури 80 отсто од испитаниците сметаат дека работното место им е сигурно, меѓу нив, побројни се мажите, а најсигурни или 84, 9 отсто се вработените во јавни институции за разлика од оние вработени во приватни компании (75,2%). Покрај сигурноста во работното место, од одговорите е евидентна и сигурноста во приходите (76,2%). Иако се сигурни за своето работно место, дури 79,3% од испитаниците сметаат дека многу луѓе ќе го изгубат работното место поради вирусот.

Податоците за анкетата биле прибирани со теренска анкета во периодот од 16 дo 22 мај 2020 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1000 испитаници.

Поврзани новости