Истражна постапка против велешанец, осомничен за обид за убиство на својата сопруга

by Fokus

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес вчера донел Наредба за спроведување истражна постапка против лице на 57-годишна возраст, осомничено за кривично дело – Убиство од член 123 во врска со член 19 (во обид).

Од ОЈО Велес појаснуваат дека осомничениот завчеравечер се обидел да ја лиши од живот својата сопруга при вршење семејно насилство, така што ѝ пришол и со кабел започнал да ја удира по телото. Од ударите оштетената паднала на подот. Осомничениот не ѝ дозволувал да стане, туку и се заканувал дека „ќе ја однесе во гробот на мајка ѝ“, „ќе ѝ ја затвори устата така што ќе ѝ ја наполни со крпа“ и дека „ќе ѝ го скрши черепот“. Тој продолжил да ја удира со кабелот по целото тело и престанал дури откако во куќата дошла нивната ќерка. Од ударите што и ги нанесол осомничениот, оштетената добила повеќе повреди по целото тело и скршеница на раката.

До судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес јавниот обвинител достави предлог за определување на мерката притвор спрема осомничениот.

За настанот денеска информираат од СВР Велес, дека на 4 ноември во 22.45 во СВР Велес било пријавено дека 57 годишна жена била физички нападната од нејзиниот сопруг,при што и биле нанесени тешки телесни повреди.

Поврзани новости