Истрагата за Рашковски се проширува, обвинителството испитува набавка и на друг софтвер

by Фокус

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ќе бара продолжување на притворот на Драги Рашковски, а можно е и проширување на истрагата, најави шефицата на ова обвинителство, Вилма Русковска.

-Сега работиме на собирање документација и сослушуваме сведоци за набавка на уште еден софтвер – рече Русковска на „360 Степени“.

На прашањето за што бил тој втор софтвер, Русковска рече дека не знае детали, освен дека е поврзан со отпечатоци и дека Агенцијата за заштита на лични податоци се противела на таа набавка.

Поврзани новости