Истрагата за дојавите за бомби дава интересни првични податоци

by Fokus

Истрагата за дојавите за бомби, не можам да споделам детали, но дава интересни првични податоци. Како новите адреси веднаш биле доставени до тие коишто ги праќаат овие лажни дојави за бомби?, рече премиерот Димитар Ковачевски во Собранието, во врска со новите дојави за бомби иако биле променети електронските адреси на училиштата.

Според него, тоа е работа што ќе треба да се докаже, меѓутоа останува фактот дека МВР ги спроведува сите постапки коишто се спроведуваат во вакви ситуации.

Одговарајќи на пратеничко прашање за хибридните напади, Ковачевски на денешната собраниска седница, рече дека нападите и дојавите за бомби се апсолутно поврзани со војната што се води во Украина, и практично претставува нов начин на војување, што досега не  виден на европскиот континент.

Поврзани новости