94
Истрагата треба да покаже како е повредено четиригодишното девојче кое со инфицирани рани и скршени ребра на 17 јануари е донесено во струмичката општа болница.
Поради тешката состојба во која се наоѓало девојчето, истиот ден е префрлено на клиниките Мајка Тереза во Скопје. По прегледот било констатирано дека детето е физички нападнато, па за настанот информирале и инспектор по малолетничка деликвенција од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар.
Мајката пак тврдела дека детето е нападнато од куче, но директорката на детската клиника во Скопје вели дека информиран е и јавен обвинител од основното јавно обвинителство во Струмица кој веднаш повикал судски вештак.