1.2K
Јавната обвинителката за организиран криминал, Вилма Русковска, вечерва најави дека ќе биде отворена истрага за еден дел од мегаломанскиот проект „Скопје 2014“, за кој кривичната постапка засега е во фаза на предистрага.
-Нацрт-наредбата за истрага е веќе подготвена. Ја прегледав и очекувам во понеделник-вторник да биде потпишана“, рече Русковска во гостувањето во „360 степени“ на ТВ Алсат.
Таа не сакаше да открие други детали за случајот, освен дека во истрагата ќе биде осомничен еден поранешен функционер.