46
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – Убиство од член 123 став 1, како и еден обид за убиство.
Осомничениот 67-годишник, на 21 февруари во кумановското село Габреш, имал расправија, со двајцата внуци од неговата сестра. На расправијата се приклучила и сестрата. Со пиштол кој го поседувал со дозвола, осомничениот пукал кон нив и со умисла ја лишил од живот сопствената сестра и еден од нејзините синови, а се обидел да го лиши од живот и другиот.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.