Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ од 9:30 часот игра против Гркот Стефанос Циципас во големото финале на Австралија опен.
Новак уште од стартот тргна бурно, веднаш го нападна Циципас и го доби првиот сет со 6:3. Ѓоковиќ делува ладнокрвно, а по поенот со кој го освои сетот, арената на Род Лејвер целосно експлодираше.
Новак го следат овации и е во битка десетти пат во кариерата да триумфира во Мелбурн и да ја освои својата 22. грен – слем титула со што би го израмнил рекордот на Рафаел Надал.
Ѓоковиќ во доминантен стил обезбеди место во финалето во Мелбурн совладувајќи го Американецот Томи Пол за два часа и 20 минути игра со 7-5, 6-1, 6-2.
Претходно, Циципас триумфираше во воведното полуфинале над Русинот Карен Хачанов со 3-1 во сетови.
Ѓоковиќ ма десет победи во меѓусебните 12 дуели против Циципас, вклучувајќи ја и победата во 2021 година во финалето на Ролан Гарос.