По цели 15 години откако за прв пат го крена трофејот во Мелбурн, Новак Ѓоковиќ тоа го направи денеска по 10-ти пат во кариерата со победата над Стефанос Циципас. Тој ги освои сите 10 финалиња што ги играше на Австралија опен од 2008 година до денес.
Она што можеше да се забележи е дека Ѓоковиќ не можеше да престане да плаче од радост.
Во финалето на АО, Ѓоковиќ го совлада Циципас со 3:0, по сетови 6:3, 7:6(4), 7:6(5) за два часа и 56 минути.
Ѓоковиќ најпрво направи брејк во четвртиот гем и поведе со 3:1, а потоа го освои сетот во 36 минута.
По серијата грешки и нервозната игра на Ѓоковиќ во вториот сет, Циципас стигна до првиот брејк при 5:4, исто така сет-поен, но не го искористи. Сетот отиде во тај брејк, кој Ѓоковиќ го доби и го доби по 70 минути.
За разлика од првите два, третиот сет започна со првиот брејк на Циципас во мечот, но Ѓоковиќ веднаш одговори со иста мерка. После тоа стигнаа до уште еден тај брејк без загубен сервис во кој повторно подобар беше Ѓоковиќ.
На листата на најдобри за првиот Грен слем сезонава, Ѓоковиќ е убедливо прв бидејќи позади него се Рој Емерсон и Роџер Федерер со по шест трофеи во Мелбурн.
Во Австралија Ѓоковиќ четири години беше непоразен, победи на 28 последователни натпревари и со тоа го собори рекордот кој до пред некој ден го држеше Андре Агаси (26).
Тенисерот од Србија од утре ќе добие 2.000 поени, кои по неколку месеци ќе го вратат на позицијата број 1 на светската ранг-листа каде досега помина рекордни 373 недели.
Победникот од финалето добива и награда од два милиони долари, а Ѓоковиќ во досегашната кариера веќе има заработено 164,7 милиони долари.
Иако крајно мотивиран, Циципас (24) не успеа да го освои првиот Грен слем во кариерата, ниту за првпат да стигне до првото место на листата на најдобри светски тенисери.