447
Известувачот за Македонија, Илхан Ќучук, на својот Твтитер профил им честита на Албанија и Македонија за започнувањето на преговорите со ЕУ.
„Историски ден за Република Албанија и Република Македонија, конечно ги започнаа преговорите со Европската Унија. Честитки драги пријатели. Да чекориме напред заедно“, напиша на Твитер известувачот за Македонија, европратеникот Илхан Ќучук, лидер на Европските Либерали, претставник на бугарската партија ДПС.