Историската комисија изненадена од Ѓорѓиев

by Fokus

Мешовитата историска комисија излезе со соопштение по денешната оставка на нивниот член Ванчо Ѓорѓиев, додавајќи дека се изненадени од неговите тврдења.

„Во врска со соопштението за медиумите на нашиот почитуван колега д-р Ванчо Ѓорѓиев, би сакале да истакнеме дека со колегата д-р Ѓорѓиев изминатите три години заедно и посветено работевме во Комисијата и донесовме добри решенија со кои сметаме дека помагаме во надминување на спорот помеѓу двете држави, зачувувајќи ги националните интереси на македонската држава, Македонците и другите етнички заедници и затоа сме крајно изненадени од тврдењата во неговото соопштение. Исто така, вчерашните и денешните разменети предлог-идеи во ништо не отстапуваат или, пак, се разликуваат од досега разменетите предлози и пристапот кој е усогласен од сите членови на македонскиот дел од Комисијата од самиот нејзин почеток и кои во ништо не ги нарушува или, пак, се спротивни на македонскиот идентитет, национални интереси и спомнатите во соопштението на колегата Ѓорѓиев црвени линии усвоени во Собранието“, се вели во реакцијата на Комисијата.

Поврзани новости