Историска одлука на ЕУ: Од 2035 година престанува продажбата на нови автомобили на бензин и дизел

by Fokus

Преговарачите на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент во четвртокот вечерта постигнаа договор за закон со кој се предвидува крај на продажбата на нови возила со мотор со внатрешно согорување од 2035 година.

Тој закон практично ќе ја забрани продажбата на нови автомобили и комбиња на бензин или дизел во 27-члениот блок. Забраната е дел од пакетот на ЕУ за климатски промени наречен Fit for 55, кој има за цел да ги намали емисиите што ги оштетуваат климата за 55 проценти до 2030 година, во споредба со нивоата од 1990 година, и да постигне климатска неутралност до 2050 година.

-Историската одлука на ЕУ за климата дефинитивно ја потврдува целта на возилата со нулта емисија на 100 проценти во 2035 година со средни фази помеѓу 2025 и 2030 година.

Автомобилите во моментов сочинуваат 12 отсто од сите емисии на CO2 во блокот на ЕУ, додека вкупниот сообраќај изнесува околу една четвртина. Земјите-членки на ЕУ сега мора да ја усвојат регулативата во националното законодавство.

Немаше планови за забрана на возила со мотори со внатрешно согорување. Наместо тоа, се очекува сите тие на крајот да бидат заменети со електрични возила.

Поврзани новости