565
Историјата мора да остане настрана од политиката, изјави денеска македонскиот историчар Драги Ѓоргиев одговорајќи на новинарско прашање дали е дозволиво условите на Бугарија да бидат дел од преговарачката рамка за влез во ЕУ.
-Ние неколку пати сме изјавувале дека историјата мора да остане настрана од политиката. Тоа мора да се почитува. Историјата мора да остане надвор од политичкиот процес на разговори меѓу двете држави – рече Ѓоргиев.
На прашање дали за него се прифатливи бугарските гледишта, Ѓоргиев напомена дека резултатот од Комисијата покажува оти има големи разлики и дека нема апсолутна согласност на двете страни за одредени историски прашања.