630
Историчарот Скендер Асани во изјава за ТВ21 смета дека поставувањето на ознаките на спомениците во Скопје, како дел од обврските од Преспанскиот договор, ќе ги подобри односите со соседната земја, но ќе ги наруши во земјата затоа што се изобличуваат историските факти.
-Античка Македонија била во тракиско-илириски состав. Ова го сведочат многу историчари. Убеден сум дека многу брзо политиката на актуелната Влада ќе биде демантирана. Со поставувањето на овие ознаки се сквернави историјата. Апелирам до Владата овие ознаки да се отстранат. Ова е историска измислица. Бегајќи од еден проблем се отвора друг проблем во државата, вели Асани.