Истепана вработена во основно училиште во Ѓорче Петров

by Fokus

Од Министерството за внатрешни работи известија дека вработена во основно училиште во Ѓорче Петров била истепана на училиште од друго женско лице.

„На 13.09.2022 во 17.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.М.К.(32) од Скопје, вработена во основно училиште на подрачје на Ѓорче Петров, пријавила дека околу 16.40 часот во дворот од училиштето била физички нападната од едно женско лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во соопштението на МВР испратено до медиумите.

Поврзани новости