Најмалку 2.500 угинати фоки се пронајдени на плажите на Каспиското Езеро во Русија, соопшти Министерство за екологија на Дагестан без притоа да се посочи причината.
Угинатите животни се пронајдени на десет километри долгото дагестанско крајбрежје на Каспиското Езеро.
Директорката на Руската агенција за мониторинг на природата, Светлана Радионова, „главна“ причина би можело да биде гушење поради истекување гас од Каспиското Езеро.
Радионова посочи дека кон крајот на седмицава ќе бидат познати првите резултати од анализите, па ќе може да се каже дали има загадување на водата.
Сличен инцидент се случи на крајот на 2020 година, кога на плажите во Дагестан и Азербејџан беа пронајдени речиси две илјади мртви фоки.
На почетокот на минатиот век во Каспиското Езеро имало повеќе од милион фоки, а денеска ги има околу 68 илјади односно помалку од седум отсто