На полноќ завршува собирањето потписи за претседателските и кандидатурите за пратеници во парламентот.
Собирањето потписи почна на 23 февруари и трае две недели.
Граѓаните можат до полноќ во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) да го дадат својот глас за некој од кандидатите.
Седуммина од 15-те кандидати досега успеаја да ги соберат потребните 10.000 потписи, со што си го загарантираа местото во трката за претседател, чиј прв круг ќе се одржи на 24 април, а вториот на 8 мај заедно со парламентарните избори.
Тие што ги собраа потребните потписи се – Бујар Османи (ДУИ), Арбен Таравари (коалиција „Вреди“), Максим Димитриевски (Движење ЗНАМ), Стевчо Јакимовски (ГРОМ), Билјана Ванковска-Цветковска (Левица), како и кандидатите на СДСМ, Стево Пендаровски и на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова.
Останатите осум кандидати сè уште се во процес на собирање на потписите.