Истекува мандатот на Милевски на кормилото на репрезентацијата – за нов не размислува

by irena 16:42
16:42

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација – Благоја Милевски денеска на прес-конференција го објави списокот на фудбалери за клучниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026 против Велс, но и за пријателскиот дуел против Летонија во Скопје.

Милевски на средбата со новинарите се осврна и на својот договор со Фудбалската федерација на Македонија, кој истекува по мечот со Велс.

„Јас сум под договор до крајот на ноември и целосно сум фокусиран само на натпреварите со Велс и Летонија. Не размислувам за тоа што ќе биде понатаму“, истакна селекторот.

Милевски на селекторската позиција во А-репрезентацијата на Македонија е од септември 2021 година.

Слични вести