Истече рокот, четворица кандидати за наследник на Заев

by fokus

Во 16 часот истече рокот за поднесување кандидатури за претседател на СДСМ. Во рокот до СДСМ пристигнале четири кандидатури: Димитар Ковачевски, Фросина Ременски, Властимир Алексовски и Јован Деспотовски, известија од партијата за „Фокус“.

Утре Централната изборна комисија ќе ги анализира и ќе ги верификува оние кандидатури кои се во согласност со наведените критериуми.

Согласно Статутот, СДСМ го избира претседателот на партијата на непосредни, вонредни внатрепартиски избори. Со Одлука на Извршниот одбор од 26 ноември 2021 година вонредните избори се распишани и ќе се одржат на 12 декември 2021 година (недела).

Постапката за кандидирање почна на 27 ноември 2021 и траеше седум дена. Право на кандидатура имаа сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите согласно Статутот на СДСМ. За претседател на СДСМ може да се кандидира лице кое има најмалку пет години членство во партијата и кое најмалку еднаш било избран од Конгресот за член на некој од партиските органи.

Изборите на локално ниво ќе ги спроведат 80 општински изборни комисии и одбори на избирачки места.

К.С.Б.

Поврзани новости