Истанбул во „црвена фаза“: Ливерпул подобар во пеналите против Челси!

by Fokus

Ливерпул е овогодинашниот освојувач на Суперкупот, откако по изведувањето на пеналите го совлада Челси.

„Редс“ беа подобри пеналџии триуфирајќи со 5-4, откако натпреварот во регуларниот тек заврши 1-1, а по 30-минутното продолжение 2-2.

Жиру во 36-та минута од мечот го доведе Челси во водство од 1-0, а на стартот од второто полувреме возврати Мане израмнувајќи го резултатот.

Лампард се обиде со неколку брзи измени да ја раздвижи играта на Челси, а голманот на „сините“, Кепа правеше вистински чуда на голот а во регуларниот тек, мечот заврши нерешено (1-1).

Во продолженијата, во 95-та минута, Мане го постигна својот втор погодок а пет минути подоцна Жоржињо израмни на 1-1.

Во пенал рулетот, презицни за Ливерпул беа Фирмино, Салах, Александре Арнолд, Ориги и Фабињо.

Додека пак кај „сините“, прецизни од белата точка беа Жоржињо, Баркли, Маунт, Емерсон, а Абрахам не реализираше и му донесе нова титула на Ливерпул.

Поврзани новости