„Ист Гејт“ продолжи со работа, останува затоврен делот за брза храна

by Fokus

Трговскиот Центар Ист Гејт Мол продолжува со работа од 13 часот, но како што најавија затворен ќе остане делот за брза храна.

Утрово во 9.35 часот избувна пожар во делот кај рестораните во трговскиот центар, при што запален бил еден од вентилациските канали, а вработените и посетителите беа евакуирани.

Повредени лица нема, а причинета е материјална штета, која дополнително ќе се утврдува.

Поврзани новости