386
Ист Гејт мол се огласи по денешното пукање во трговскиот центар.
Оттаму ја информираат јавноста дека трговскиот центар, по обезбедување на сите потребни безбедносни мерки продолжува со нормална работа по обезбедени мерки за тековна оператива.
„Се работи за изолиран инцидент, лоциран на подземните нивоа во трговскиот центар. Надлежните служби вршат увид во моментов на местото на настанот, но трговскиот центар продолжува со утврдениот нормален режим на работа до 22 часот. Трговскиот центар е обезбеден со соодветно физичко обезбедување и технички системи за безбедност и мониторинг наменети за обезбедување на сигурноста и безбедноста на посетителите“, велат од Ист Гејт Мол.