Слободното движење и безбедноста на секој што работи и нè посетува за нас се најважни и за ова да го оствариме, постојано ги преземаме сите мерки што ги имаме на располагање, велат од East Gate Mall.
Во врска со инцидентот што вчера во попладневните часови се случи во подземните нивоа на молот, компанијата е во комуникација со надлежните органи и соработува за што побрзо расветлување на случајот.
– Целосно ја разбираме загриженоста на вработените и на посетителите и жалиме за непријатната ситуација во која што дел од нив се најдоа. Нашиот мол работи според највисоките стандарди и при секојдневното функционирање се почитуваат сите прописи за безбедност. За сигурноста на сите лица ги применуваме сите мерки што според законите ги имаме на располагање. На овој план имаме редовна соработка со надлежните органи. Овие принципи на работа ќе продолжиме да ги применуваме и ќе вложиме максимални напори истите во иднина да бидат уште подобри и поефикасни – истакнуваат од East Gate Mall.