Исправка и извинување до Сетек

Во деловниот простор на Коневски во објектот на Мајчин дом е сместен Тинекс, а не Сетек.

by Фокус

На 14.03 година, на порталот Фокус беше објавен текст со наслов „Фатмир Етеми – поранешен политичар кој стана голем градежник и акционер“.

Имено, текстот е излезен по информацијата дека компанијата на Етеми – ЗСФ-КОМ, приватизирала градежно земјиште во Центар за 7 евра по квадрат.

По тој повод, Фокус објави текст, во чии рамки, меѓу другото се пишува и за зградата кај Мајчин Дом, која, исто така ја градеше компанијата на Етеми.

Имено, во текстот се потсетува дека во овој објект деловен простор поседува поранешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски, во чие време општината всушност го донесе Деталниот урбанистички план со кој се вцртува маркица за овој објект.

Меѓутоа, направена е ненамерна грешка, во делот каде се наведува дека во споменатиот деловен простор во сопственост на Коневски моментално е сместена компанијата Сетек.

Се работи за ненамерна грешка, бидејќи овој деловен простор не го има Сетек, туку компанијата Тинекс, информација која е веќе добро позната и публикувана.

Оттука, и се извинуваме на компанијата Сетек за ненамерната грешка, која е веќе поправена.

Поврзани новости