Исправи се Мицкоски, време е за оставка, порачаа од СДСМ

by Fokus

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение го потсети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ветувањето дека ќе поднесе оставка ако ги загуби изборите или ако не направи влада.

„Исправи се Мицкоски, време е да го исполниш ветувањето за оставка ако ги загубиш изборите или ако не направиш влада. ВМРО-ДПМНЕ и најголемиот шпицен аутсајдер Мицкоски по изборниот пораз го достигнуваат врвот на сопствената дезориентација.  Политичката катастрофа на Мицкоски се темелеше на тоа што тој немаше став за најкрупните политички прашања важни за државата. Но, од синоќа Мицкоски гази во нов негативен феномен, а тоа е заборавањето или газењето врз сопствениот збор. Среде телевизиско соочување во кампањата, самиот тврдеше дека е против техничка влада по Пржински модел, за вчера преку партиско соопштение да се противи на најавата за укинување на Пржинската влада – се наведува во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости