Испратил непристојни фотографии на 16-годишно девојче, па добил кривична пријава

by fokus

Момче од Берово доби кривична пријава, поради тоа што испратил непристојни фотографии на 16-годишно девојче на Инстаграм, пренесува МВР.

„НК за КР Берово поднесе кривична пријава против Ј.К.(19) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. Во периодот од 20 до 27.03.2019 година, 16-годишна малолетничка на својот инстаграм профил во два наврати примила видео снимка, фотографија и текст со непристојна содржина испратени од профил на пријавениот, додаваат од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани новости