Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски кое преку МНР ќе биде доставено по дипломатски пат до турските власти, информираа предмалку преку соопштение.
Оттаму појаснуваат дека „оригинал документ е испратен по ДХЛ до Министерството за правда на Република Турција и во скенирана верзија е пратен и до ИНТЕРПОЛ. Очекуваме соработка со правосудните органи на Република Турција, навремено процесуирање и постапување од нивна страна во најкус можен рок“.
Барањето за екстрадиција, министерот Кренар Лога го потпиша вчера со што отпочна процедурата за екстрадиција на Љупчо Палевски.
Во текот на денешниот ден експресно беа преведени сите потребни списи и документи на турски јазик, по што барањето за екстрадиција се испрати на турските власти.