Во Кривичниот суд во Скопје денеска беше испрашан И.Г., еден од осумтемина осомничени во случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. И.Г., како и останатите осомничени, се товари за кривичното дело „изборна измама“ со цел владејачките партии да останат на власт.
Во текот на денот Кривичниот суд, односно судијата на претходна постапка треба да донесе одлука дали ќе го прифати барањето на Специјалното јавно обвинителство за определување на мерка притвор за осомничениот.
Досега беа испрашани четворица од осомничените во случајот „Титаник“, меѓу кои и градоначаникот на Пустец, Еднонд Темелко и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, за кои Судот не одреди мерка притвор. Меѓу останатите осомничени кои треба да бидат испрашани се и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и поранешниот секретар на Владата, Кирил Божиновски.