Исповед на момче кое го преживеа нападот во училиштето во Врачар: Почна да нѐ гази и не престана да пука!

by Fokus

Момче кое го преживеа масакрот во училиштето во Белград рече дека се сѐ случило многу брзо, ги раскажа деталите за крвавиот пир што им го приредил соученикот Коста Кецмановиќ.

– Беше страшно… Не знам зошто ни го направи тоа Коста, не бевме ни пријатели. Не го допревме, постојано ни беше лут. Многу ми е жал за моите пријатели…“ раскажа момчето кое со повреди го преживеа масакрот во училницата.

Нему му биле оперирани прострелните рани, а на лекарите од Ургентниот центар им ги раскажал деталите за масакрот.

„Сè се случи брзо. Сите бевме во училница кога втрча Коста! Прво ја рани наставничката. Сите почнавме да врескаме, да паѓаме, да се криеме под клупите, а наставничката легна врз нас за да нѐ заштити. Потоа ја застрела неколку пати. Се сеќавам дека уште двајца скокнаа од прозорецот, а некои дури се преправаа дека се мртви. Сите бевме на подот. Потоа почна да нѐ гази и не престана да пука. Не бевме толку блиски пријатели, тој имаше свое друштво. Не знам ни каде сум на неговиот список“ – изјави едно од шесте ранети деца, пренесуваат српските медиуми.

Седмоодделенецот Коста во средата наутро во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар уби осум деца и училишниот чувар.

Во страшниот напад, тој сериозно повреди неколку негови врсници, како и наставничката по историја.

Поврзани новости