Хрватската манекенка Татјана Драговиќ неодамна упати шокантни обвинувања на сметка на нејзиниот поранешен сопруг, тенисерот Горан Иванишевиќ.
Таа во интервју за „Национал“ тврди дека била жртва на семејно насилство, наведувајќи конкретни ситуации во кои, според неа, била изложена на физичко и психичко насилство.
Според нејзините тврдења, поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ ја фатил за врат и ја задушил, а потоа плачел и тврдел дека не мислел така. Таа посочи дека хајката против неа трае со години, а како причина го наведе нивниот бурен развод и долгогодишниот спор околу поделбата на имотот.
– Се плашев – рекла Драговиќ опишувајќи ја тешката ситуација во која се нашла.
– Пред неколку дена две непознати машки лица агресивно заѕвонија на вратата од станот на улицата Далматинска каде што живеам со семејството. Следните два дена тоа се повтори – изјави поранешната сопруга на Горан, која алудираше на заплашување за да се исели од станот.
Татјана нагласува дека тоа било „случајност“ во тие моменти:
– Симболично е што тој инцидент се случи во времето кога нашата ќерка Амбер Марија формално му го подари на мојот поранешен сопруг, а всушност го продаде истиот стан на улицата Далматинска, кој јас и го дадов, задржувајќи го правото да ужива доживотно. Па, можно е тоа ѕвонење среде ноќ да го означи почетокот на процесот на заплашување со цел да ме извлечат од тој стан. Освен тој стан, немам друг имот – рече Драговиќ.
На крајот потврди дека бившиот сопруг ја фаќал за врат:
– Горан Иванишевиќ ме фати за врат и ме задави, а потоа плачеше и рече дека не мислел така, се плашев дали ќе преживеам мислејќи дека ги штитам децата од ексцеси. Со молчење дозволив само со години да расте моќта на нивниот татко – изјави таа.