Во Маврово-Ростуше во 15 часот е исполнет потребниот број на излезени гласачи за да бидат успешни изборите за градоначалник.
Според податоците на Државната изборна комисија, на гласање излегле 34,41 процент од запишаните гласачи, што значи дека на гласање излегле над една третина од гласачите, што е услов изборите да бидат успешни.
Во Општината Центар Жупа, пак, извесно е дека до 19 часот ќе биде исполнет овој услов.
Според последните обработени податоци, на избори во Маврово-Ростуше излегле 3.423 гласачи, додека во Центар Жупа 2.352 гласачи.
Помала излезност има на изборите за нов Совет на Општината Тетово, каде излегле 21,29 отсто од гласачите, што е помала излезност во однос на локалните избори одржани минатата година.