Пензионер од Кавадарци, со среќните броевите на сопругата, на семејството му донесе близу 500 000 евра
ВО просториите на Државна лотарија се запознавме со дел од семејството на нашиот прв добитник на примија од играта Лото 7. Почитувајќи ја неговата желба за анонимност, ја споделуваме среќната приказна која го довела до најголемата премија во историјата на Државна лотарија.
Ова е до сега најголемата лото премија во историјата на Државна лотарија. Ова е прва 7ка во Кавадарци. На мапата на среќни градови каде се постигнати 7ки до сега ги имавме Битола, Свети Николе, Неготино, Тетово, Струмица, Куманово и Скопје. Ова е прв пат Кавадарци да застане под среќна ѕвезда.
Фондот за 7ка изнесува 7.000.000 денари, колку што изнесува премијата што ја гарантира Државна лотарија. Играта Лото7 веќе докажа дека е навистина поинтересна, позабавна и нуди поголеми добивки.