Нола Исмајлоска Старова, која беше вклучена во иницијативата Отворен Балкан, сега е претставник на Српската стопанска комора во Македонија во поткастот „Каде се парите?“ истакна дека граѓаните ја користат можноста која ја воведе иницијативата Отворен Балкан, за овозможување на слободен пристап до пазарот на труд во трите држави – Македонија, Србија и Албанија.
„Веќе има позитивен пример. Има околу 100 луѓе кои веќе работат од другите држави, имајќи го сертификатот за слободен пристап на пазарот на труд“ вели Исмајлоска-Старова.
Таа додаде дека заинтересираните граѓани треба да се регистрираат на порталот „Е-Услуги“, за да добијат ИД број на Отворен Балкан, а потоа да влезат на порталите на другите држави – во Албанија е Акши, а во Србија Е-Управа, каде што може да ја пополнат апликацијата која одзема петнаесетина минути.
„Откако ќе се добие таа дозвола за слободен пристап на пазарот на труд една од големите предности кои што ги овозможивме е дека трае 2 години. Досега и луѓето кои ќе се вработеа имаа дозвола за престој од 1 година, а со самата дозвола за барање работа овозможуваме и слободно движење на луѓето колку и да трае тој процес“ рече Исмајлоска-Старова.