Исмаил Л. (35) од Доруфулија, кој беше исчезнат од вчера, и по кого беше организирана масовна потрага од месното население и од стручни тимови, е пронаден.
Веста за ,,Фокус” ја потврди Бошко Цветковски, градоначалник на Општина Лозово, кој во повеќе наврати апелираше на социјалните мрежи за пронаоѓање на лицето.
-Во животозагрозувачка состојба е пронајден, дехидриран, не може да зборува. Го најдоа екипите вклучени во потрагата. Со хеликоптер е транспортиран на клиника во Скопје, вели градоначалникот и се заблагодарува на сите кои се вклучиле во потрагата.
Повеќе детали околу тоа што му се случило на Исмаил, засега не се откриваат.
Цветковски додава дека се работи за лице без здравствени проблеми, кое никогаш во минатото не исчезнало, па затоа сите веднаш биле алармирани и започнала масовната потрага.
Вики Клинчарова