1K
Политичкиот аналитичар, Ѓунер Исмаил во своето гостување на „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ посочи дека, несомнено е дека Заев ќе ја составува Владата, но без условот на ДУИ, Албанец-премиер.
„Јасно е дека СДСМ продолжува понатака со свесно платена скапа цена за тоа што мораше да го прави минатите години за санација на земјата. ДУИ доби уште една шанса да продолжи во реформирање на партијата. Имаме една крупна опозициона формација во албанскиот блок која и тоа како ќе биде гласна.
Оваа земја пред две три години беше заробена држава, упропастена администрација и една морална дегенарација на општеството. Во таква ситуација овие лево-десни или десно-леви политички ориентации најубаво пливаат. Фигурата или фигурите кои во името на Левица ќе бидат фронтмени ќе биде доказ дека ние се уште сме една балканска држава“, рече Исмаил.