656
Исланд од петок ќе им се придружи на голем број земји, кои ги укинаа сите рестриктивни мерки и покрај поголемиот број заболени, објави владата.
Одлуката, која одговара на распоредот за постепено укинување на антиепидемиските мерки што го подготви владата и ќе стапи на сила во петок на полноќ, се однесува на мерките во земјата и граничната контрола.
„Се враќаме во нормален живот, но вирусот сè уште е меѓу нас“, рече премиерката Кетрин Џејкобсдотир по состанокот на владата.
Таа не ја отфрли можноста за усвојување нови мерки доколку тоа го бараат околностите, на пример доколку се појави нова варијанта на вирусот.