548
Терористичката организација Исламска држава денеска презеде одговорност за нападот во Синај, во кој загинаа 11 припадници на египетската војска.
Завчерашниот напад на воената станица во Синај, каде дејствуваат радикални ќелии поврзани со Исламска држава, го осудија Африканската Унија, Париз, Вашингтон, Картум.
Претседателот на Египет, Абдел Фатех ал Сиси, пак, нагласи дека, ова „нема да ја разниша одлучноста на земјата и на нејзината војска да стават крај на злото на тероризмот“.