389
Терористичката организација Исламска држава ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад пред зградата на авганистанското Министерство за надворешни работи во Кабул.
Aмак, пропагандниот медиум на ИД, на Телеграм објави дека член на нивната организација „успеал да помине контролен пункт“ на талибанците и „потоа го активирал својот експлозивен појас меѓу персоналот и чуварите додека тие излегувале низ главниот влез“ на министерството, убивајќи повеќе луѓе, „вклучувајќи дипломати“.
Полицијата соопшти дека во нападот загинале пет лица, а извор од Министерството за информации претходно изјави дека животот го загубиле 20 лица.