Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Кабул

by fokus

Терористичката милиција Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот на аеродромот во Кабул преку својот весник Амак, јави ДПА.

Во соопштението на Исламската држава се тврди дека околу 160 луѓе се убиени или ранети во самоубиствен напад и воедно се наведува дека жртвите се американски сили и други кои соработуваат со нив.

Истовремено, талибанците остро го осудија бомбардирањето на цивили на аеродромот, како што напиша Забихула Муџахид на Твитер.

„Експлозиите се случија во област каде американските сили се одговорни за безбедноста. Штом ќе ја разбереме ситуацијата на аеродромот и штом ќе заминат странските воени сили, повеќе нема да има такви напади“, напиша тој.

Според Пентагон, две експлозии се случиле во близина на аеродромот. Во нив, како што изјави еден талибански претставник за Ројтерс, загинале најмалку 60 лица.

Поврзани новости