Исламска држава го пофали терористичкиот напад во Москва

by Fokus

Портпаролот на терористичката организација Исламска држава (ИД) Абу Хутаифа Ал Ансари го пофали терористички напад врз трговскиот центар Крокус Сити Хол во Москва.

Ал Ансари ги повика приврзаниците на Исламска држава да ги нападнат „крстоносците“, особено во Соединетите Американски Држави, Европа и Израел, пренесува Ројтерс.

„Се молиме на Бога да стигнете до Палестина за да можете да се борите со Евреите лице в лице во бескрајна верска војна“, рече Ал Ансари во снимената аудио порака објавена на платформата Телеграм.

Рускиот истражен комитет денеска соопшти дека ја докажал поврзаноста меѓу директните извршители на терористичкиот напад и „украинските националисти“, што САД го отфрлија како „неоснована пропаганда“.

Поврзани новости