Искршена е новата плоча со имињата на осумте припадници на безбедносните сили, кои загинаа во маскарот кај тетовско Вејце, а таму беше поставена на 28 април. Уништени се цвеќињата и свеќниците, а стои само плочата со имињата оставена од Одборот на бранители.
„Во 21 век кога светската цивилизација претендира да се колонизора на Марс, Албанците од Tетово преку вандализам и рушење на сé што е македонско се враќаат во камено доба. Имено, осквернавени се поставените плочи во чест на масакрираните бранители во Вејце од 2001 година, кои ги поставија лидерите на Левица, Апасиев и Крмов, но и другите присутни. Секоја година сликата е иста, а државниот врв е нем и глув на уринирањето врз историјата и државноста од страна на албанското малцинство кое дивее врз државата која ги храни и вдомила. Сите функционери целите кон Европа и Запад, а самите знаете дека со ваков „соживот“ не се оди никаде. Се сликате по медиуми и со претставници на европската заедница, а општеството ви е труло. Вечна им слава на македонските бранители, гробот вечно ќе им се знае, бидејќи не можете толку да искршите колку што ние може да поставиме“, велат од партијата Левица.
На 28 април 2001 во тој реон беа убиени четворица припадници на воената единица „волци“ и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27) Игор Костески (26) Миле Јаневски (30) Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).