Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека се надева оти организаторите на протестот закажан на 16 мај во Скопје, ќе се премислат и ќе го одложат.
„Искрено верувам дека организаторите ќе го откажат протестот, заради тоа што сакам да се свесни. Би сакал и да поразговарам со организаторите да видам зошто сметаат дека треба да се укине полицискиот час и да ги презентираме вистинските научни аргументи зошто тоа го правиме. Ако дојде сепак до таков протест, верувам дека соодветните институции ќе интервенираат да биде барем со соодветните мерки, носење маски и да биде на дистанца“, – истакна Филипче.
Протестот насловен како „Стоп 5Г и вакцините“ кој е закажан за 16 мај, сабота, е во организација на група граѓани, а во најавата на Фејсбук се вели дека ќе започне од 12:30 часот од сајмиште во правец кон Владата.