На територијата на државата денеска во периодот од 06:00 до 10:00 часот е спроведена акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, со цел зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома, при што се констатирани 32 сообраќајни прекршоци, a девет возила се исклучени од сообраќај поради технички неисправности, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, истакнаа од МВР.