Денешниот исказ на Зорица, мајката на убиената Вања Ѓорчевска е многу битен, според адвокатот на Александар Ѓорчевски, таткото на Вања. Со овој исказ, како што вели Владимир Туфегџиќ конечно се разјаснија многу шпекулации во јавноста. Според адвокатот, со исказот на мајката се потврдува тезата на одбраната на Александар дека лицето нема никаква инволвираност.
„Самиот сведок не посочи дека Александар направил нешто невообичаено во тој момент. По однос на тоа што Александар дал своја претпоставка дека девојчето е киднапирано, ако внимателно го слушавте сведокот, појасни дека и таа имала своја теорија дека Вања избегала, дека некој ја прелажал и појасни во која насока она го разговара неговото толкување и мислење дека Вања е киднапирана. Таа појасни дека тој не можел да се помири со фактот и дека им верувал на децата. Затоа неговата теорија била дека тој претпоставува дека нема што друго да биде освен киднапирање. Сите биле вознемирени, со цел да се пронајде детето, рече Туфегџиќ.
Денеска продолжи судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања и 74-годишниот Панче. Еден од тројцата обвинети за соучесништво, по лекувањето на Нефрологија, беше вратен во затворот во Шуто Оризари.